Алкараз без загубен сет ја мина и втората пречка на Австралија опен
Првиот носител на Австралија опен, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз со максимални 3-0 го совлада Германецот Јаник Ханфман.
Алкараз добро се испоти во првиот сет кој го доби дури во тајбрејк со 7-4, но во продолжението му беше полесно.
Следните два сета ги доби со 6-3 и 6-2 за победа од 3-0 во сетови.
Во следното коло ќе игра против Муте од Франција кој го мина Женг откако Американецот се предаде по негатива од 1-2 во сетови.
Победа забележа и третиот носител Александер Зверев кој со 3-1 во сетови беше подобар од Французинот Александре Муле.



