МагазинНајново

Доаѓа снегот во Македонија: Пообилни врнежи во западните и во јужните предели

Под влијание на циклонска активност  и на влажна воздушна маса од Медитеранот која ќе биде поврзана со ладен воздух од север и од североисток на Европскиот Континент, ноќта вторник кон среда  и во среда на 21 Јануари во Македонија од југозапад ќе се прошират врнежи кои ќе бидат најмногу од снег и тие особено во јужните  и во западните предели ќе бидат пообилни каде очекувам формирање и проширување на снежната покривка а на високите  и на планинските места истата ќе се зголеми.

Во западните  и во јужните предели во градовите ќе се формира снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри. Ќе дува слаб до умерен а во Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во Скопје  и околината со овој бран ќе има врнежи со слаб до умерен интензитет и тие ќе бидат од дожд и од снег  или влажен снег а во околните повисоки места ина планините врнежите ќе бидат само од снег. И во Скопје  и околината повремено ќе засилува ветерот од југоисточен правец.

Што се донесува до температурите во среда на 21 Јануари наутро тие ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 1 степен а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 6 степени. Во Скопје во среда на 21 Јануари наутро температурата ќе се спушти до окоу -3 степени а преку денот таа ќе се искачи до околу 3 степени.

Поради очекуваните врнежи од снег апелирам на внимателно возење, особено доколку се дижите низ планинските превои каде поради ниските температури очекувам појава на голомразица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons