Кумановец „оперирал“ низ паркинзите: Ограбил седум возила пред да биде фатен
Вчера во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Р.(26) од Куманово.
Тој се сомничи дека во изминатиот период од седум патнички моторни возила во Куманово одзел повеќе предмети.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.



