МагазинНајново

Ладен бран ја зафати Македонија: Утрински температури под нулата, драстична промена на времето од вторник

Територијата на Македонија е под влијание на ладен бран кој продира од истокот и североистокот на европскиот континент, поради што денешното утро беше студено во целата земја. Температурите во поголем дел од државата се спуштија под нулата, а на одредени места измерени се и до минус 6 степени.

Според податоците на УХМР, денеска времето ќе биде променливо облачно, со слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец. Локално се очекуваат слаби врнежи од дожд и снег, додека на планините и на повисоките места ќе има провејување на слаб снег.

Максималните дневни температури ќе се движат од 2 до 7 степени, а во Скопје времето ќе биде облачно со температура до 5 степени.

Метеоролозите најавуваат дека вистинскиот пресврт во временските услови следува од вторник навечер, кога се очекува нов влажен бран. Во текот на ноќта и во среда се прогнозираат нови врнежи, претежно од снег, низ поголем дел од земјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons