Спорт

Милан има нова „деветка“, потпиша германскиот репрезентативец

Милан го потврди новото засилување за напаѓачката позиција. Клубот од „Сан Сиро“ одново има класична „деветка“ во името на Никлас Фулкруг.

32-годишниот напаѓач доаѓа од редовите на Вест Хем на позајмица која ќе трае до јуни, а „росонерите“ ќе имаат право да го откупат за сума од пет милиони евра. Фулкруг по не многу успешната авантура во Премиер лигата сега ќе се обиде да му помогне на Милан во трката за највисок пласман во Серија А.

Во својата кариера Никлас Фулкруг тргна преку Вердер Бремен, па играше во Гројтер Фирт, Нирнберг и Хановер пред да се врати во Вердер за 6,5 милиони евра во 2019 година. Четири подоцна Борусија Дортмунд го откупи за 17 милиони, додека една година подоцна Вест Хем го плати 27.

За репрезентацијата на Германија тој одигра 24 натпревари и постигна 14 погодоци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons