Актуелно

Системот „Безбеден град“ – во иднина ќе има регистарски таблици за кои нема да има казни

Системот „Безбеден град“ кој е во тест фаза пред да стартува на 1 јануари или еден месец подоцна, во моментов не ја дава можноста да се внесуваат броеви од регистарски таблици кои би биле изземени од генерирање на прекршочни казни. Секое возило кое ќе биде снимено дека ги прекршува законите и сообраќајните правила ќе добие соодветно известување за казна. Но, ова ќе се промени во иднина кога регистарските таблици на возилата со првенство на минување, како што се брза помош, пожарна и полициски возила ќе бидат внесени во системот и за нив нема да се процесираат казни. Но, во системот ќе има докази дека ги возилата со тие регистарски таблици ги прекршиле сообраќајните правила.

„Во иднина, согласно позитивните законски прописи, односно од одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот и на патиштата, возилата со првенство на минување ќе се евидентираат во системот и за истите записите нема да се бришат. Тие ќе се чуваат во лог менаџмент“, вели Маја Арсовска Манов.

Но, ова го отвора прашањето од можни злоупотреби на оваа опција. Односно, вработени кои имаат пристап до системот, по нечија наредба или самоволно, да внесуваат регистарски таблици кои не се на возила со првенство на минување, односно на политичари, на влијателни лица, но и на свои пријатели и другари. Од МВР ветуваат дека ќе има контролни механизми.

„Тоа се реформите кои во моментов се на сила, на кои се работи на нив. Меѓутоа, сепак Министерот за внатрешни работи ќе одлучи кои и во каков вид ќе се врши контролата. А контрола, секако дека ќе има. “, вели Маја Арсовска Манов.

Инаку, една од најголемите реакции на социјалните мрежи околу системот „Безбеден град“ е непостоењето на сообраќајна инфраструктура, пред се таканаречен „Зелен бран“. Тоа значи семафорите да се координираат така што зеленото светло се активира последователно, создавајќи „бран“ од зелени сигнали за возилата кои се движат со препорачана брзина, често од 40 до 50 километри на час во урбани услови. Ова го намалува метежот, штеди гориво и го подобрува протокот на главните сообраќајници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons