Историски успех: Македонците го „запалија“ Дубаи на „Ред бул халф корт“ сребрен медал – втори во свет!
Македонската „3х3“ екипа газеше, на изненадување на сите. Потклекна само во финалето. Нашите момци им покажаа на сите како се игра улична кошарка. Браќата Амар и Елвис Хот и близнаците Паоло и Карло Блажевски ја искачија Македонија високо, под грандиозните облакодери
Се враќаме во студеното Скопје, а во душите ни грее. Со пустински песок во патиките, со истенчени гласни жици, ненаспани и пресреќни, а пред сè – горди! На градите – сребрен медал. Ееееј, втори во свет!
Македонската „3х3“ екипа газеше на „Ред бул халф корт“ баскет турнирот во Дубаи. На изненадување на сите. Потклекна само во финалето. Нашите момци им покажаа на сите како се игра улична кошарка. Браќата Амар и Елвис Хот и близнаците Паоло и Карло Блажевски ја искачија Македонија високо, таму под грандиозната Бурџ Калифа.



