Неизвесен стартот на Сејф Сити, МВР размислува за одложување
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека очекува во текот на оваа недела да се финализираат сите закони што треба да претрпат измени во рамки на проектот „Сејф Сити“. Тој нагласи дека предлог-решението веќе е подготвено, но се чекало да се видат реакциите на јавноста и функционирањето на системот пред да се донесе конечна одлука.
„Целта ни е да ги затвориме заклучно со 01.01.2026 година и да отпочнеме со имплементација, но размислуваме дали тоа да биде 01.01 или 01.02, за да не наметнеме решение кое нема да биде подготвено за примена. Ние го имаме веќе, но сакаме да сме сигурни дека е тоа – тоа“, рече Тошковски.
Министерот додаде дека доколку се процени дека граѓаните имаат потреба од дополнителен период за адаптација на новите правила, можно е имплементацијата да се помести и за еден месец подоцна.
Тошковски истакна дека приоритет е јавноста да биде целосно информирана за измените и за нивното практично значење.



