Македонија

ИЈЗ со соопштение: Еве што е утврдено по вонредните контроли во основните училишта во Карпош

ИЈЗ ќе предложи иницијатива што ќе значи дополнителни промени во Националната годишна програма за јавно здравје, одредени правилници, законски и подзаконски акти, кои се во насока на подобра хигиена во училиштата, градинките, како и побезбедна храна, вода во истите што ќе значи унапредување на теми поврзани со јавното здравје.

АХВ заедно со службени лица од ИЈЗ на 27 ноември направи вонредна контрола во 9 основни училишта во рамките на општина Карпош.

Од секое училиште беа земени мостри од храна како и брисеви од работни површини од кујните во училиштата.

По направените анализи во испитуваните примероци не се докажани патогени бактерии. Освен во едно од училиштата каде на 2 површини е докажано присуство на ентеробактерии, што е индикатор на недоволна хигиена, информира ИЈЗ.,.

ИЈЗ ќе предложи иницијатива што ќе значи дополнителни промени во Националната годишна програма за јавно здравје, одредени правилници, законски и подзаконски акти, кои се во насока на подобра хигиена во училиштата, градинките, како и побезбедна храна, вода во истите што ќе значи унапредување на теми поврзани со јавното здравје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons