Свет

Бројот на жртви во пожарот во Хонг Конг се искачи на 128

Бројот на жртви од пожарот во комплексот облакодери за субвенционирано – социјално домување во Хонг Конг се искачи на 128, а десетици сè уште се водат како исчезнати, изјави денес шефот за безбедност Крис Танг.

Во најлошиот пожар во градот во последните децении, 128 лица загинаа, а 79 се повредени, изјави Крис Танг на заедничка прес-конференција со пожарникарите.

Меѓу загинатите, 89 сè уште не се идентификувани, рече тој.

Тој рече дека истрагата за причината за трагедијата може да трае од три до четири недели.

Властите денес соопштија дека повеќе од 50 лица сè уште се во болница, од кои 12 се во критична состојба, а 28 во сериозна.

Од осумте облакодери со 31 кат во комплексот, кој беше во процес на реновирање во населбата Ванг Фу, сега излегува само густ чад и искри, остатоци од огромниот пожар што ги зафати зградите во средата попладне, објавија новинарите на АФП.

Пожарникарите продолжуваат да прскаат вода врз зградите за да ја изладат потпорната конструкција и да спречат повторно разгорување на пожарот. Тие денес го завршуваат пребарувањето на последните станови.

Околу 900 жители се евакуирани во привремени засолништа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons