Спорт

Милевски: Нема лесни противници, Данска е квалитетна селекција

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, е делумно задоволен од ждрепката за баражот за пласман на Светското првенство.

Иако вели дека во плејофот нема лесни противници, тој потенцира дека ова е полесна ждрепка од онаа кога требаше да ги минеме Италија и Португалија за мундијалски пласман.

„За разлика од минатиот пат, кога бевме во плеј-офот и ги извлековме топ фаворитите Италија и Португалија, сега на „хартија“ добивме полесен противник, иако морам да потенцирам дека кога си во конкуренција на најдобрите 16 репрезентации, нема лесни противници, напротив. Штета што повторно немавме среќа за евентуален домашен натпревар. Данска е извонредно квалитетна репрезентација, неблагодарно е да даваме било каква прогноза. Во ова друштво нема слаби репрезентации и апсолутно не можеш да се надеваш на сигурен пласман, но ќе дадеме се од себе да бидеме конкурентни и во плеј-офот“, рече Милевски за официјалниот сајт на ФФМ.

Македонија на 26 март гостува во Данска во полуфиналето од баражот, а ако победиме, ќе бидеме гости и во финалниот меч, тоа ќе биде дуел со победникот од Чешка и Р. Ирска.

Уште е нејасно дали токму Милевски ќе ја води Македонија на овие бараж натпревари. Неговиот договор завршува, а ФФМ нема соопштено дали ќе му го продолжи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons