Мицкоски: Добар одзив, дури 27.000 студенти заклучно вчерашниот ден ги подигнале ваучерите за електронски уреди
Исклучително добар одзив има на повикот за ваучери за студенти за електронски уреди, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
Заклучно со вчера 27.000 студенти ги подигнаа ваучерите во вредност од 15.300 денари. Како ќе се искористат тоа оставаме на совеста на тие кои ги користат. Ние како Влада го ветивме овој проект и го испорачуваме, потенцираше премиерот Мицкоски.
За шпекулациите дека некои од студентите ги продаваат ваучерите, Мицкоски истакна дека дури и некои од студентите да ги препродаваат, истите не можат да бидат искористени бидејќи се со лични податоци.
Мислам дека и да ги препродаде не би можело да бидат искористени, бидејќи таму се со лични податоци, така што мислам дека тие обиди се јалови, дециден е Мицкоски.



