Барди: Зад нас е цела Македонија, наше е да се бориме и да оставиме срце на терен
Капитенот на Македонија, Енис Барди бара сите да дадат и повеќе од 100% за позитивен резултат против Велес и радост на целата држава.
Енис Барди повика на релаксираност пред пресметката со Велс, натпревар во Кардиф ќе го одреди изгледот на нашата група и тоа кој ќе оди во баражот како второпласиран, а кој преку Лигата на нации.
„Сите знаеме колку е важен овој дуел, можеме многу да добиеме“ – вели капитенот на Македонија.
„На секој натпревар сме давале 100%, но утре би сакал да дадеме и повеќе од тоа што можеме“.
„Да, мечот е од големо значење, но мораме и да уживаме на теренот. Поради стрес или притисок, често не уживаме во играта. Но сега мораме да бидеме релаксирани, да сме горди и да уживаме на теренот“.
„А кога кажувам уживаме, мислам да се бориме, да трчаме и да оставиме срце на терен“.
Стадионот е целосно распродаден, а на трибините се очекува и околу 700 навивачи да ги бодрат популарните „рисови“.
„Можеби нема да има премногу наши навивачи, но зад нац е целата држава. Дај Боже да биде како што треба и утре да се радуваме на крајот“.



