МакедонијаНајновоПолитика

Манасиевски: Скопјани на 2 ноември избираат пред се човек, а потоа и градоначалник, Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе постават нови темели за чисто и модерно Скопје 

Почитувани,

Скопјани на 2 ноември ќе изберат пред се човек, а потоа и градоначалник, човек кој знае како да работи за граѓаните. Со Орце Ѓорѓиевски и мнозинството во Советот, ќе ги поставиме темелите на промените што му се потребни на главниот град.

Поддршката што ја добивме од над 91.000 граѓани уште во првиот круг е голема чест и уште поголема обврска. Таа доверба покажува дека граѓаните препознаваат резултати, кои Орце Ѓорѓиевски ги покажа на локално ниво во Кисела Вода, како и на државно ниво каде Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 16 месеци значително помогна во развојот на општините.


Мнозинството во Советот на Град Скопје ќе овозможи стабилност, координација и побрзо реализирање на ветените проекти, нови мостови, почист воздух, повеќе зелени површини и поефикасен јавен превоз.

Од друга страна, петтата партија во Скопје со околу 26.000 гласови, или 3,5 пати помалку од ВМРО-ДПМНЕ, СДС, доживеа сериозен пад и покажа дека нема доверба кај граѓаните. Наместо да понудат аргументирана критика или пак решенија на проблемите, тие продолжуваат по истата погрешна насока.

Разликата е јасна, ВМРО-ДПМНЕ е партија која работи чесно, одговорно и транспарентно, а нашите ветувања се реални и остварливи.

Затоа, почитувани граѓани,

На 2 ноември, изборот е едноставен, а тоа е вистинскиот избор, глас за Орце Ѓорѓиевски, глас за бројот 9, за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина.


Линк од видео материјал:

https://youtu.be/hopL4VDcOck

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons