МагазинНајново

Огромен циклонски облак од Џенова се приближува кон Македонија 

Метео анализа на Славчо Попоски:

Од Џенова кон нашата Македонија надоаѓа огромен циклонски облачен систем кој ни носи голема промена на времето проследена со обилни врнежи од дожд, бурен јужен и југозападен ветер (до 90 км/час) локална појава на грмежи и локално силно невреме особено изразено во западните предели од нашата Македонија.

Локално особено во западните предели до понеделник претпладне ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 литри на метар квадратен дожд). Врнежи од дожд и засилен до силен ветер од јужен и од југозападен правец со овој бран ќе има  и во Скопје  и околината.

Од вторник температурите позначително ќе опаднат и тоа поради продор на поладен воздух од север и ќе дува повремено засилен ветер од северен правец.

Апелирам поради очекуваниот бурен ветер, граѓаните навремено да ги заштитат своите автомобили, односно истите да не ги ставаат во близина на дрвјата особено оние дрвја кои што се стари и осамени.


Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons