МагазинНајново

Типичен есенски ден – Подгответе се силен ветер и повремен дожд 

Типичен есенски ден ќе имаме денеска, Времето, според прогнозите ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд.

Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи.

Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец (над 70 km/h).

Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд, локално пороен. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons