Актуелно

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани почнува на 19 ноември


Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени, ќе почне на 19 ноември годинава во судницата во КПУ Идризово, соопшти Основниот кривичен суд – Скопје

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени, ќе почне на 19 ноември годинава во судницата во КПУ Идризово, соопшти Основниот кривичен суд – Скопје.

Предметот, кој се води под број К.бр. 1872/25, првично беше поднесен од Основното јавно обвинителство Кочани, а потоа со решение на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, префрлен во надлежност на Скопското обвинителство. Обвинителниот акт е целосно одобрен и распределен преку АКМИС системот кај судијката Диана Груевска Илиевска.

Поради законски ограничувања и лично познанство со дел од оштетените, од постапувањето по предметот се изземени судијките Тамара Витларова – Смилевска и Илина Смичковска – Илиевска. Како втор член на судечкиот совет, согласно измените во годишниот распоред, ќе постапува судијата Ахмед Идризи.

Заради ефикасност и економичност, судот има закажано повеќе термини за главна расправа: 25 и 26 ноември, како и 2, 4, 10 и 11 декември 2025 година. Дополнителни термини ќе бидат утврдени по започнувањето на расправата.

Судот апелира до сите учесници во постапката да пристигнат најмалку еден час пред закажаниот термин, поради безбедносни процедури и навремено започнување на расправата. Акредитираните медиуми треба навремено да ги обезбедат потребните дозволи за снимање и фотографирање од Врховниот суд на РМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons