МакедонијаНајновоПолитика

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен.

Имено, на 03.10.2023 година, направена е рамковна спогодба за ископ на јаловина на РЕК со Марковски компани во вредност од 25 милиони евра, во која подизведувачите ќе заработат 10% или 2,5 милиони евра.

Како подизведувачи на овој ископ на јаловина, се појавуваат фирмите „Сим Инженеринг’’ и „Јавор транс“, кои се во сопственост на Симеон и Горан Крстеви.

Инаку, Симеон и Горан Крстеви се луѓе од најблиското опкружување на Зоран Заев, кои со него беа уште од аферата Глобал.

Фирмите не се јавувале како изведувач на тендер, за во прво време да не бодат очи, но затоа потоа тие биле ангажирани како подизведувачи.

Ова е само еден од начините на кои парите од Марковски компании директно се слевале во околината на Заев.

Само од еден тендер, две фирми подизведувачи во сопственост на луѓе блиски до Заев, заработиле 5 милиони евра. 

Затоа Заев и Филипче мора да бидат историја на политичката сцена. На 19ти октомври да го направиме вистинскиот избор со глас за бројот 9. 

Со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина!


Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=Q9P3pklgzkc

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons