МакедонијаНајновоХроника

Почина Панчо од ДНК 

Тажна вест утрово се прошири во македонската јавност. 

По долготрајната битка со повредите од трагедијата во Кочани, Владимир Блажев-Панчо почина во болницата каде што се лекуваше. 

Тој извесно време бил во кома, а на неговата психичка состојба работел поширок тим составен од психолози и психијатри. Тој имаше тешки изгореници на лицето и на рацете. 

Панчо уште познат како диџеј Шорти беше дел од музичкото дуо ДНК кое кобната ноќ, на 16. март, настапуваше во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Андреј, неговиот колега, смртно настрада ноќта а време на пожарот во кочанската дискотека, на 43-годишна возраст. 

Панчо е роден 29 јули 1979 во Скопје. 

И двајцата беа познати и докажани хуманисти. 

Зад себе остави два сина, Андреја и Марјан. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons