МакедонијаНајново

Возачите да внимаваат на овие прекршоци – Засилени полициски контроли до петок низ Македонија во акција која истовремено се одвива низ пола Европа 

Во периодот од 6 до 12 октомври, сообраќајната полиција при МВР спроведува засилени контроли за употреба на мобилен телефон и слушалки за време на возење, информираат од МВР.

Како што посочуваат од таму, акцијата е дел од меѓународната ROADPOL кампања „Фокус на патот“, која се одвива истовремено во 34 европски држави.

„Употребата на мобилен телефон за време на возење го зголемува ризикот од сообраќајна незгода и до 20 пати! Вашата концентрација и брзата реакција можат да спасат живот. Возачи и пешаци – не ризикувајте! Телефонот оставете го на страна додека возите или преминувате улица. Рацете на воланот, очите на патот – телефонот почекајте го подоцна“, порачаа од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons