Актуелно

ФИЛМСКА ПОТЕРА ВО СКОПЈЕ, ИМАЛО ПУКАЊЕ, ЗАТВОРЕНИЦИ БЕГАЈЌИ УДРИЛЕ ВО ПОЛИЦИСКО ВОЗИЛО: На крајот излетале од патот и полицијата ги фати

На 06.10.2025 во близина на населбата Нова Колонија полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, постапувајќи по план од СВР Скопје, ги лишија од слобода Н.А. (45) и А.Ј. (23) од Скопје, информираа од МВР.„Лицата кои се осуденици, но биле на отпуст од КПУ Идризово, додека се движеле со патничко возило „ренџ ровер“ на ул. „Панче Неделковски“ во Скопје околу 20:20 часот, не застанале на даден знак од полициски службеници и се дале во бегство, по што веднаш се преземени мерки и активности за нивно запирање и лишување од слобода. Организирана е потера по возилото кое се упатило кон обиколницата, па потоа кон регионалниот пат Скопје- Велес, каде било стигнато од страна на полициските службеници во близина на населбата Нова Колонија. Кога полициските службеници, кои биле со службено возило „мазда“ се обиделе да го престигнат возилото „ренџ ровер“, возачот на возилото „ренџ ровер“ во два наврати удрил во полициското возило.  Полициски службеник испукал предупредувачки куршуми во воздух, но возилото „ренџ ровер“ не застанало туку продолжило да се движи и во близина на Нова Колонија излетало од патот. Во возилото се пронајдени пет мобилни телефони, пари и клучеви од повеќе возила, а Н.А. и А.Ј. се лишени од слобода и против нив, по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од полицијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons