Поп Арсова заврши на 62. место на маратонската трка од СП во Токио
Најдобрата македонска атлетичарка, Адријана Поп Арсова Рашиќ заврши како 62. на маратонската трка во женска конкуренција на Светското првенство во Токио.
Поп Арсова маратонот го истрча со време од 03:01.49, што беше доволно за 62. место од 73 атлетичарки кои ја стартуваа трката.
Трчањето се одвиваше во пеколни временски услови кои нашата атлетичарка успеа да го преброди и да стигне до целта.