ГОЛЕМ БРОЈ ЕКИПИ СЕ БОРАТ СО ПОЖАРОТ ВО ТРУБАРЕВО – претходно гаснеле во Горно Лисиче
Пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје денеска се борат со два опасни пожари, кои избувнале во близок временски интервал.
Голем број пожарникари сега се борат со пожарот кој избувна во компанијата за преработка на отпад „Нула отпад“ во скопско Турбарево. Во негово гаснење се вклучени неколку екипи од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.
Истите екиппретходно интервенирале и во гаснење на пожар во стара Цементара на ул. „Горноврановска“ во Горно Лисиче, велат од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.


Како што посочува командирот на Бригадата, во пожарот во Трубарево зафатени се и отпадни материи.
– Во големиот пожар во Трубарево, зафатени се отпадни материи, се гасне со повеќе екипи – изјави Звонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.

Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, укажа дека станува збор за посериозен пожар, бидејќи горат отпадни батерии и друг тип на електронски отпак, што го прави тежок за гаснење