Актуелно

На 12 октомври стартува системот за патување во ЕУ, граѓаните на време ќе бидат информирани за процедурата 

Граѓаните навремено и целосно ќе бидат информирани за новите правила за патување во Европската Унија кои стапуваат на сила од 12-ти следниот месец. Во постојана комуникација сме со европските партнери и според првичните најави и сегашната европска регулатива, граѓаните ќе треба да пополнуваат апликации на интернет, изјави Александар Јанев, директорот на Бирото за јавна безбедност во МВР.

„Ние сме во интензивна комуникација со нашите европски партнери и разговараме како сето тоа да биде олеснето и како сето тоа да биде подостапно за нашите граѓани. Најголемиот проблем може да бидат патните премини кон нашите соседи кои што се дел од Европската Унија, затоа наша обврска е да ги информираме граѓаните што треба да поднесат и според сегашните регулативи оваа апликација мислам дека ќе оди преку интеренет и сето тоа ќе одзема одредено време, кратко ќе биде, а ќе биде со важност од две години. Такви се првичните најави, меѓутоа официјалните информации откако ќе ги добиеме од Европската Унија истите ќе бидат веднаш споделени со граѓаните на нашата земја“, рече Јанев

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons