Ѓорческа го освои турнирот во Романија, 15. титула во кариерата
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со пресврт го доби финалето на турнирот во Романија откако ја совлада романската тенисерка Елена Бартеа со 2-1 (3-6, 6-3, 6-4) во сетови.
Ѓорческа која беше трета носителка на турнирот, како фаворит влезе во денешното финале, но го загуби првиот сет со 6-3.
Во вториот Лина губеше со 3-1, а потоа доби пет едноподруго гемови и го доби сетот со 6-3, израмнувајќи на 1-1.
Македонката беше подобра и во третиот рашавачки сет добивајќи го со 6-4 со што на крајот заслужено погоди и го крена пехарот.
За Ѓорческа ова беше втора титула оваа година, вкупно 15. во кариерата.