Најмногу независни кандидати за градоначалници во Прилеп, Скопје, Демир Хисар, Македонски Брод…
Решението на Државната изборна комисија со кое ја реши неможноста на Собранието да ја спроведе одлуката на Уставниот суд за бројот на потписи кои независните кандидати треба да ги соберат, ги зголеми амбициите на независните. ДИК реши дека и со само два потписа може некој да се кандидира за градоначалник или за членови на советите по општините. Најамбициозни се граѓаните на Скопје и Прилеп со по шест независни кандидати за градоначалник.
За градоначалничката функција во Прилеп како независни кандидати се пријавија Павлинче Матеска, Љупчо Дунимаглоски, Рубин Најдоски, Борче Чупетрески, Ѓорѓија Игески, Злата Рапешоска и Иле Бачанов.
Во Скопје како независни кандидати за градоначалник се пријавија Ване Цеков, Сашо Маневски, Драган Николовски, Горан Марковски, Сашо Панговски и Демир Исмаил
По пет кандидати се пријавија во Македонски Брод, Струга и Демир Хисар.
За Македонски Брод кандидати се Виолета П. Смилевски, Ивица Аврамовски, Николина Велјановска, Ненад Митревски и Марјан Алампиоски.
Граѓаните на Демир Хисар, покрај партиските, ќе гласаат и за пет независни кандидати: Драган Шулевски, Николче Николовски, Даниел Мреношки, Оливер Ивановски и Марјанче Стојановски.
И во Струга има пет независни кандидати: Менди Ќира (поддржан од колаицијата Вреди), Бесник Асани, Насто Палијоски, Мирко Савески и Игор Малевски.
Во Битола има четири независни кандидати: Габриела Илиевска, Васко Деловски, Зоран Николовски и Сашо Пивковски.
За Шуто Оризари се пријавија тројца независни кандидати: Сета Исмаил, Ѓеѓе Демировски и Фекри Бакиу.
И во Демир Капија се пријавија тројца независни кандидати: Блаже Димитриев, Зоран Петров и Стивен Петковски.
Во Куманово се пријавија двајца независни кандидати (Иван Петковски и Масут Бајрами), Охрид еден (Гоце Цветковски), Долнени двајца (Абдула Бајрамовски и Суад Адиловиќ), Кисела Вода двајца (Марко Ташков и Кети Сталеска), Карпош еден (Невена Георгиевска), Кичево двајца (Шкодран Алили и Благоја Спироски), Кочани двајца (Венко Крстевски и Зоран Тодоров)…
Во другите градови има по еден независен, а гласачките ливчиња во другите помалубројни општини ќе останат само со партиските кандидати.
ДИК вчера соопшти дека во предвидениот рок доставени се вкупно 69 иницијативи за предлагање на листи за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје и 68 иницијативи за предлагање на листи на советници за советите на општините и советот на Град Скопје.
Потписи за независни кандидати за градоначалници се собраа за општините Пробиштип, Македонска Каменица, Куманово, Крива Паланка, Охрид, Дебарца, Прилеп, Долнени Струга, Дебар Струмица, Радовиш, Брвеница, Свети Николе, Гевгелија, Демир Капија, Кичево, Македонски Брод, Кочани, Чешиново Облешево, Битола, Могила, Новаци, Ресен, Гостивар, Демир Хисар, Виница, Сарај, Центар, Аеродром,Карпош , Шуто Оризари, Арачиново, Кисела Вода, Зелениково, Студеничани, Чучер Сандево и градоначалник на Градот Скопје.
Потписи за независни листи за членови на советите на општините и советот на Градот Скопје се собраа за општините Пробиштип, Македонска Каменица, Куманово, Старо Негоричане, Охрид, Дебарца, Прилеп, Долнени, Струга, Дебар, Босилово, Ново Село, Струмица, Тетово, Штип, Свети Николе, Лозово, Кичево, Македонски Брод, Кочани, Чешиново Облешево, Кавадарци, Битола, Могила, Ресен, Демир Хисар, Карпош, Сарај, Центар, Чучер Сандево, Кисела Вода, Зелениково, Студеничани и за советото на Градот Скопје.