Свет

Грција ќе затвори околу 700 училишта поради недостаток на ученици 

Во Грција, 721 од вкупно 13.478 училишта ќе бидат затворени или привремено суспендирани за учебната 2025-2026 година поради недостаток на ученици, пишува Катимерини.

Затворањата влијаат на училиштата низ целата земја од селата во планините и островите до големите урбани центри, вклучувајќи ја и Атина. 77 училишта и градинки во Атика нема да работат во следната учебна година.

За следната учебна 2025-2026 година, се очекува околу 1.210.000 ученици да бидат запишани во основно, средно и стручно образование, во споредба со 1.363.912 во 2018-2019 година, според податоците од грчките власти, објавува Катимерини.

Законскиот минимален број ученици за едно училиште да продолжи да работи е 15, или како што е предвидено со закон од 1985 година, еден наставник на 15 ученици во основните училишта.

Училиштето може да биде затворено доколку не го исполни овој услов во рок од три години, а потоа трајно се бриши од училишниот регистар.

Овие податоци, како што објави Катимерини, укажуваат на сè посериозен демографски проблем во Грција, кој веќе влијае на образовниот систем и создава предизвици за организацијата на наставата и демографската стабилност.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons