Актуелно

Нови цени на горивата од полноќ


Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64 % во однос на одлуката од 18.8.2025 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,378 ден/кг и сега ќе изнесува 38,265 ден/кг. 

Од 26.8.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: 

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98  77,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  68,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  67,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 38,265 (денари/килограм

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons