Актуелно

Криминал тежок над 7 милиони евра: Финансиска утрово врши претреси на неколку локации во Македонија 

Во раните утрински часови екипи од Управата за финансиска полиција упаднале на неколку локации во општина Липково, Куманово и Желино, каде во моментот се вршат претреси.

Акцијата е резултат на подолга истрага за постоење на организирана криминална група која, според првичните сознанија, се сомничи за злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама, перење пари и други кривични дела поврзани со финансиски криминал.

Неофицијалните информации говорат дека се работи за фирми кои се занимаваат со набавка и продажба на нафтени деривати кои се сомничат за сторен криминал тежок над 7 милиони евра.

Детали за акцијата се најавуваат по нејзиното завршување, во текот на денот. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons