Земјотрес почувствуван во Македонија, епицентарот е во Грција
Телеметриската сеизмолошка мрежа, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 13 часот и 07 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, 165 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.9.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.