МакедонијаНајновоПолитика

Петрушевски: Главниот обвинител Коцевски избра да биде штитот на СДС, а тие го бранат по секоја цена за да не одговараат

Главниот обвинител Коцевски избра да биде штитот на СДС, а тие го бранат по секоја цена за да не одговараат за бројните криминали, на кои бевме сведоци изминатите 7 години.

Иако Коцевски нема легитимитет, со под 2% доверба кај граѓаните, со интерпелација во Собранието и барање од народот преку пратениците тој да си оди, тој тоа не го прави.

Главниот обвинител Љупчо Коцевски нема ниту грам доблест, за сам да си даде оставка од позицијата. Тој избра да биде штит на СДС и со сите сили да се држи за таа сламка за спас.

Столбот на криминалот на СДС е во обвинителството, таму е последниот бастион кој ги спасува од одговорност десетици поранешни државни функционери, кои ја ограбуваа државата со години.

СДС се свесни дека ако Коцевски си замине, никој друг нема да премолчува и да ги држи во фиока предметите за нив. Токму затоа ризикуваа и јавно да се разголат и да застанат зад него, а со тоа застанаа во јавна  одбрана на своите криминали.

СДС се разголени, и јасно се гледа дека ништо друго не им е важно, освен да се спасат од кривична одговорност.

Од друга страна главниот обвинител Коцевски е целосно делигитимиран, и нема ниту грам интегритет за функцијата.


Линк од видео материјал:
https://youtu.be/VItxJL2sbs4

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons