Попладне не очекува невреме со пороен дожд, грмежи, ветер и град!
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде актуелно метео предупредување за денеска.
Во попладневните и вечерните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и услови за изолирано невреме.
На одредени места ќе има појава на силен ветер и краткотраен град, со што се апелира до граѓаните на внимателност, особено при престој на отворено и на патиштата.