МакедонијаНајновоПолитика

Стаменкоска Трајкоска: Демографската рецесија е факт, работиме на економските мерки, но потребна е целосна промена на сфаќањата

Демографската рецесија е факт, работиме на економските мерки, но потребна е целосна промена на сфаќањата.

Македонија се соочува со невидена демографска криза. Последната деценија, наталитетот опаѓа, морталитетот расте. Поедноставно кажано, Македонија тивко исчезнува.

Во 2016 година сме имале 23.000 новородени. Во 2024 година само 16.737. Тоа се 9.000 помалку во една деценија. Тоа е исто како од мапата на државата да го снемало Валандово, Крушево, Богданци, Сопиште, Македонски брод, Зелениково или Дојран. 

Тенденцијата повеќе од деценија е запрапастувачка, и потребни се итни чекори за промена.

И не да се седи на страна како СДС, не знаејќи и не сакајќи да се реши проблемот, економијата опаѓаше, граѓаните живееја со 150 денари на ден, народот беше доведен до питачки стап, а иселувањето ниту се намали, ниту пак имаа решение за истото. 

Единствено што решија и се залагаа, беше корупцијата, мешање во судството, тендери и договори во 4 очи, за ним блиски. СДС се занимаваше само за своите лични и партиски интереси.

За да почнеме да го решаваме проблемот, потребно е пред се да бидеме свесни за него. Затоа ВМРО-ДПМНЕ отвора јавма дебата, за да ја пробуди свеста и свесноста кај секоја една единка во државата.

Откако сите ќе станеме свесни, мораме да продолжиме да работиме на создавање на општествена свест. 

А во текот на целиот тој процес Владата и општините треба да делуваат стимулативно низ разни закони, мерки и програми, за помагање и зголемување на наталитетот.

Првиот чекор е направен.

Линк од видео материјал: https://www.youtube.com/watch?v=G30e9S0z2bc

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons