Актуелно

Во април 73,6% од потрошената струја била произведена од домашни извори

Вкупната бруто-произведена електрична енергија во април 2025 година изнесува 338.832 МWh, што претставува 73,6 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, соопшти Државниот завод за статистика.

Во април 2025 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 460.185 МWh електрична енергија, 6.785 милиони nm3 природен гас, 305.848 тони јаглен и 101.241 тони нафтени продукти.

Во април 2025 година во однос на април 2024 година, вкупната потрошувачка на природен гас е намалена за 45,9%, а на нафтени продукти е зголемена за 18%.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons