Спорт

Дарио Ивановски донесе втора победа за Македонија на Европското атлетско екипно првенство 

Македонскиот атлетичар, Дарио Ивановски победи на 5.000 метри на Европското екипно атлетско првенство 3. дивизија кое се одржува во Марибор, претходно победа за Македонија донесе и Андреас Трајковски во скок во далечина.

Ивановски победи со време од 14:04.06 минути што е негов најдобар резултат сезонава, но 10 секунди побавно од рекордот на кариерата.

За доминацијата на Македонецот најдобро зборува фактот што второплаираниот Балдвин Магнусон од Исланд заостана повеќе од 26 секунди, а дел од натпреварувачите заостануваа и повеќе од еден круг зад Ивановски.

Претходно, првото место во својата дисциплина го освои Андреас Трајковски кој беше најдобар во скок во далечина.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons