Мицевски: Со молкот Филипче призна, тој стои зад тепачот Акиов од Кочани, не смее да му побара оставка за да не излезе на виделина сè
Со молкот Филипче призна, тој стои зад тепачот Акиов од Кочани, не смее да му побара оставка за да не излезе на виделина сè.
Венко Филипче со денови молчи и не смее да побара оставка од советникот тепач од Кочани, кој повреди вработена во општина Кочани во текот на неговото дивеење на седницата на Советот минатата недела.
Тепачот Акиов е човек од доверба на Заев, планот Акиов да почне со правење на тензија и ескалација на состојбите во Кочани го дал токму тој, на состанокот со Филипче во Дубаи.
Филипче само спроведува тоа што Заев му кажал.
Венко Филипче не смее да побара оставка од тепачот Акиов затоа што истиот може лесно да каже по чија наредба делувал.
Планот на Заев пропадна, Филипче не успеа да ја зоврие состојбата во Кочани до ниво на ескалација.
Тоа што Заев и Филипче, не се откажуваат од тепачот Акиов, е јасен знак дека обидите за ескалација во иднина ќе продолжат.
Ги повикуваме сите граѓани и општествено политички чинители, да не наседнуваат на пропаднатите обиди на Заев и Филипче да се спасат политички преку сеење омраза и страв кај народот во Кочани. Обидите им се јалови.
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=NWvw6xwEsrk
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ