Спорт

Чаби Алонсо со амбициозен говор на промоцијата во Реал: Сакам луѓето да кажат – ова е тимот што ми се допаѓа 

Чаби Алонсо попладнево беше промовиран како нов тренер на Реал Мадрид, младиот стратег вети дека ќе негува фудбал со кој навивачите ќе бидат горди и ќе уживаат во натпреварите.

Реал Мадрид и официјално го потврди Чаби Алонсо за нов тренер, младиот стратег пред новинарите беше промовиран како нов предводник на „кралевите“.

„Нема сомнежи, за мене ова е навистина посебен ден. Пресреќен сум што сум тука, местото кое го чувствувам како свој дом. Врската со Реал Мадрид никогаш не прекина, откако стапнав во Валдабебас пред час иполовина, повторно ми се вратија тие специјални чувства“ – рече Чаби Алонсо.

„Ова е почеток на една нова ера. Флорентино, ти благодарам многу што ми укажа доверба. Чувствувам дека навивачите, навивачите на Реал Мадрид, со нетрпение ја чекаат оваа нова ера, да одиме напред и да ја збогатиме историјата на овој клуб. Благодарност и до моето семејство, кое секогаш ми дава поддршка“.

Тој потоа упати пофални зборови и за Карло Анчелоти: „Пред да почнам да зборувам за новата ера, не сакам да ја заборавам ерата која штотуку заврши. Карло беше мој тренер, голема личност со огромно влијание врз мене. Без неговиот талент, веројатно денес немаше да бидам тука. Голема чест и гордост ми е тоа што можам да го продолжам неговото наследство“.

Шпанецот потоа додаде: „Имаме одличен тим, фантастични играчи и огромен потенцијал. Ова ми дава причини да дојдам тука полн со енергија и ентузијазам. Убеден сум дека можеме да постигнеме големи работи, достојни на Реал Мадрид и сите тие европски титули“.

„Сакам да ги направам навивачите горди, да пренесеме емоции и радост. Сакам луѓето да доаѓаат на стадион за да уживаат, да кажат – ова е тимот што ми се допаѓа“.

ФОТО: X/Real Madrid

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons