Одржана втората хуманитарна трка Спектратон 2025
Во организација на Фондацијата д-р Верица Механџиска и компанијата Зегин денес се одржа Спектратон, втората по ред трка на која учествуваа неколку илјади спортисти рекреативци и здравствени работници од целата држава.
Во организација на Фондацијата д-р Верица Механџиска и компанијата Зегин денес се одржа Спектратон, втората по ред трка на која учествуваа неколку илјади спортисти рекреативци и здравствени работници од целата држава. Во рамки на трката која има хуманитарна цел се трчаше во машка и женска конкуренција на 5 и 10 километри, а детските трки беа на 150, 300 и 500 метри.

Средствата од котизацијата на натпреварувачите како и средства од фондацијата д-р Верица Механџиска и компанијата Зегин годинава се наменети за поддршка на лицата со аутизам односно на 4 организации и тоа:
Центар за рехабилитација на патологија на термална комуникација, Клиника за детски болести за докомплетирање на просториите за детска патофизиологија, Здружението Рубикон за сензорна соба за поддршка на деца со аутизам и здружението Сина Светулка за програмата за рана проценка за откривање аутистичен спектар.
Организаторите воедно преку кратко видео прикажаа каде заминаа средствата од првото издание Спектратон.
Победници на денешната трка имаше и тоа беа пред се професионални спортисти но вистински победници на овие трки како што напоменаа организаторите се сите учесници кои преку учеството на трката ја покажаа својата хуманост на дело.