МагазинНајново

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, Виница и Струмица 

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во источниот дел од земјава, односно во Крива Паланка, Виница и Струмица, каде наврнаа 20 литри на метар квадратен. После нив следуваат Штип и Кавадарци, како и Битола и Берово.

Денеска врнежи продолжуваат, но ќе престанат до крајот на денот. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 часа до 8 часот (во l/m2)

20 Крива Паланка, Виница, Струмица, 16 Штип, Кавадарци, 14 Битола, Берово, 13 Тетово, Прилеп, Крушево, Попова Шапка, 11 Тополчани, 10 Скопје-Петровец, Куманово, 9 Претор, 8 Демир Капија, 7 Скопје-Зајчев Рид, 6 Велес, 5 Охрид, Гевгелија, Лазарополе, 4 Маврови Анови.

Променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (над 25 l/m²). До крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 70 km/h), особено долж Повардарието. Дневната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Во Скопје, променливо облачно и свежо, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 16 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons