МакедонијаНајновоПолитика

Манaсиевски: Филипче продолжува да молчи за случајот за Модуларна болница, дали е заштитен? 

Еднонеделната прошетка во Дубаи на Филипче заедно со неговиот ментор Заев, вчера заврши.

Филипче се врати од песочните плажи во Дубаи на коишто уживаше со Заев и тераше бизниси и се јави на прес-конференција, но не одговори на прашањата кои му ги поставивме.

Денес повторно го прашуваме Филипче. Каде беше тој изминатава недела? Од каде му е златната виза за Дубаи? Дали има бизнис со Заев во Дубаи? Дали има нострифицирана диплома или можеби над 500 илјади долари? 

Во однос на модуларната болница, дали Филипче е задоволен од пресудата? Како ги коментира смешните пресуди од 1,5 година на екс директорите? Дали судиите кои ја донесоа пресудата, станале судии со негов амин? Дали Филипче е изземен од случајот? Дали Филипче е заштитен? Дали тоа што Филипче беше министер го штити и ги пушти низ вода двајцата екс директори? Дали Филипче имал влијаено на пресудата?

Почитувани, Филипче е обичен лажго и манипулатор. Него не го интересираат граѓаните, туку бизнисот и профитите. Филипче молчи и се крие кога ќе биде повикан во јавност. 

Филипче доста е молк. Време е за одговори.

Линк од видео материјал: https://www.youtube.com/watch?v=3Kis-ih6uuI

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons