Спорт

Ивановски ќе настапи на Светското атлетско првенство во Јапонија 

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски е пласиран на следното Светско првенство што ќе се одржи во Токио.

СП ќе се организира во јапонскиот град во периодот од 13 до 21 септември 2025 година.

Светската атлетика ја прочисти и објави конечната листа на пласирани атлетичари во дисциплината маратон.

И од предвидените 100 репрезенти, Ивановски се пласираше на 75 позиција со статус „Квалификуван според Светски Ранкинг“.

Апсолутно заслужено по фантастичните изминати две сезони и постигнати врвни резултати и успеси на меѓународна сцена.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons