МакедонијаНајново

Дванаесет години затвор за Васил Јованов – Семејството на Фросина бесно 

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска е изречена пресуда за Васил Јованов кој ја прегази младата модна дизајнерка Фросина Кулакова, на булеварот Партизански Одреди, кај Силбо во Скопје.

На судењето што почна на 9 овој месец обвинетиот Васил Јованов призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката што се случи во јануари годинава.

Судот одлучи дека Васил Јованов кој е роден 2004, кај кој постои чувство на вина и презема лична одговорност за прегазувањето на Фросина, виновен е и ќе одлежи затвор во траење од 12 години.

– Седнал зад воланот под дејство на алкохол, со брзина поголема од дозволената, развил брзина од 91 км. на час, и на запалено црвено светло без возачка дозвола, на пешачки премин удрил пешак кој се движел прописно, рече судијата на денешното рочиште.

Семејството на Фросина кое со солзи ја слушна пресудата, викна „Судот Мафија” по пресудата.

Според обвинението, на 29 јануари годинава, Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место. 

На рочиштето за прегазувањето на Кулакова што се одржа мината недела се изведуваа само докази кои се однесуваа на висината на казната, а не и за настанот, со оглед дека Јованов го призна делото. Обвинетиот Васил Јованов, во завршен збор пред Судот, уште еднаш изрази каење за случајот. 

-Не можам да објаснам какво каење чуствувам. Не поминал ден да не се помолам за душата на Фросина и за нејзината фамилија. Тоа е нешто што ќе ме прогонува до крајот на мојот живот. Сакам уште еднаш да искажам најдлабоко сочувство и извинување на семејството и на сите кои ги познавам, изјави Јованов на претходното судење.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons