Спорт

Зарко сензационално победи во Ле Ман, па со салто наназад прослави пред домашната публика 

Денешната Мото ГП трка во Ле Ман донесе сензационална победа на Жоан Зарко и нова историја, возачот на Хонда стана првиот француски мотоциклист кој успеал да слави пред домашната публика по 1954 година.

Дождот донесе хаос и многу возбуда на Мото ГП трката во Ле Ман, на крајот најдобро се снајде домашниот возач Жоан Зарко, кој во прав момент го замени моторот и покажа голема умешност на променливите временски услови.

Возачот на Хонда со огромна предност мина прв низ целта за да стави крај на доминацијата на Дукати, но и за да стане првиот Французин кој триумфирал во Мото ГП на Ле Ман по 1954 година.

Неговите родители беа во боксот, па почнаа да плачат од радост по овој историски успех.

Жоан Зарко знаеше како да направи шоу, па со салто наназад прослави пред домашната публика.

Зад него, Марк Маркез финишираше како втор, и ја зголеми предноста во генералниот пласман, додека пак последното место на пиедесталот му припадна на младиот Фермин Алдегер.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons