Магазин

5 трикови со шеќер кои ќе направат вашиот дом да блесне 

Шеќерот е една од главните состојки која ја има речиси во секој дом … Сепак, дали знаевте дека шеќерот можете да го користите како средство за чистење?

Оваа слатка кујнска состојка, има поголема примена во чистење на домот отолку што можете да замислите.

Шеќер и прашок за печиво – Додадете три лажици шеќер на една лажица прашок за печиво. Потоа додадете малку вода за да направите мазна смеса. Оваа смеса потоа се користи како природен детергент за чистење садови.

Шеќер и розова вода – Во сад ставете 3 лажици шеќер. Додадете една лажица розова вода и измешајте ги состојките додека не се раствори шеќерот. Подготвената смеса можете да ја користите за чистење на среброто.

Шеќер и сок од лимон – Измешајте го сокот од еден лимон со 3 лажици шеќер во сад. Ова соединение се користи за лесно отстранување на ’рѓата.

Шеќер и оцет – За да ги отстраните дамките од подот, пробајте комбинација од шеќер и оцет. Во сад измешајте малку оцет со шеќер. Користете памучна крпа за да ја отстраните дамката. Овој совет со шеќер е совршен начин да се ослободите од свежите дамки.

Шеќер и сок од домати – Сокот од домати е силно средство за белење. Ако имате некоја облека што е извалкана, направете мешавина од сок од домати или пире и шеќер. Ова решение ќе помогне да се отстранат дамките,пишува „Супержена“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons