Свет

Папата Франциск ќе биде погребан во сабота, 26 април 

Папата Франциск во својот последен тестамент потврдил дека сака да биде погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, а не во базиликата Свети Петар во Ватикан, каде што е последното почивалиште на многу негови претходници.

Ватикан соопшти дека погребот на папата Франциск ќе се одржи в сабота, 26 април во 10:00 часот по локално време.

Папата Франциск во својот последен тестамент потврдил дека сака да биде погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, а не во базиликата Свети Петар во Ватикан, каде што е последното почивалиште на многу негови претходници.

Во тестаментот што синоќа го објави Ватикан, Франциск јасно ја изрази желбата да биде погребан „во земја, без посебни украси“, а над неговиот гроб треба да стои едноставна плоча со неговото папско име на латински јазик: Franciscus.

Папата исто така навел дека договорил неименуван добротвор да ги покрие трошоците за неговиот погреб.

Трошоците за подготовка на погребот ќе бидат покриени од износот што го обезбеди добротвор, а за кој договорив да биде префрлен во базиликата Санта Марија Маџоре, стои во тестаментот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons