Спорт

Алкараз немоќен, Руне го освои турнирот во Барселона 

Данецот Холгер Руне славеше над Карлос Алкараз со 2-0 во сетови (7-6, 6-2) и така ја освои титулата во Барселона.

Првиот сет донесе изедначена борба и во него двата тенисери освоија по еден брејк, па се играше тај-брек=јк. Во него видовме дури седум мини-брејка, Алкараз не ја искористи шансата на 3-1, потоа Руне поведе со 6-4, меѓутоа на крајот сетот го освои со 8-6.

Во вториот сет Алкараз побара медицински тајм-аут поради болки во грбот и тоа веројатно беше причина за неговата послаба игра која Руне знаеше да ја искористи.

Алкараз со овој пораз го загуби второто место од Зверев кој го освои турнирот во Минхен.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons