Актуелно

Мицкоски од ОАЕ: Ги презентиравме можностите за инвестирање во Македонија, работиме за да се најдеме на мапата на светските инвеститори 

Изминативе денови заедно со тим од Владата и тим од мојот Кабинет, остваривме исклучително квалитетна и успешна посета во Обединетите Арапски Емирати.

Посетата ја започнавме со средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати. Следните денови се сретнавме со стопанските комори од Емиратот Шарџа и Дубаи, а потоа имавме исклучително квалитетни состаноци со врвните компании овде во Обединетите Арапски Емирати, како што се Мубадала, ADQ, Масдар, Игл Хилс итн.

Сето она коешто разговаравме е навистина нешто коешто ќе претставува еден голем чекор напред за македонската економија.

Разговаравме за проекти од областа на транспортот, пред сè коридорите 8 и коридорот 10 и отсечката на коридорот 10, 10-д.

Потоа, разговаравме за проекти коишто се силно поврзани и тесно поврзани со туризмот. Се разбира тука нашиот македонски, балкански, би рекол светски бисер Охрид. Потоа, Попова Шапка како исклучително силна инвестиција, којашто треба во годините коишто следат да донесе големи економски бенефити за македонските граѓани. Место каде што е потребна голема инвестиција, поради својата местоположба и поради сите оние географски убавини коишто самиот тој ски-центар ги нуди. Се разбира и за тоа разговаравме со нашите пријатели од Обединетите Арапски Емирати.

Потоа, во делот на градежништвото, неколку локации каде што навистина може да се направат лендмарк објекти коишто ќе бидат препознатливи, не само за Скопје, Македонија или за другите градови во нашата држава, туку и за регионот, па би рекол зошто да не амбицираме да прераснат такви лендмарк објекти за цела Европа.

Зборувавме за инвестиции во делот на земјоделието и се разбира енергетиката.

Како главен приоритет тоа се проектите, односно хидроцентралите на Река Црна, а тоа се Чебрен и Галиште. Потенцијалот во енергетиката, не се ограничи само на инвестирање во хидроцентралите Чебрен и Галиште, туку и на нови соларни панели, нови ветерни турбини, ветерни паркови и така натаму.

Навистина, кога би требало да ја оценам оваа наша посета, би ја оценил со највисока оценка, и економски и политички, бидејќи после долго време, не знам од кои причини, стопирање и пауза во односите коишто ги имаме со Обединетите Арапски Емирати, повторно воспоставуваме една ваква блиска, непосредна соработка.

Се разбира би го издвоил и Меморандумот за подлабока економска соработка којшто го потпиша министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, со неговиот хомолог, а добрите вести како резултат на овој Меморандум, ќе ги соопштам во деновите коишто следат кога ќе се вратиме назад во Македонија.

Ве поздравувам од Абу Даби и се гледаме во нашиот балкански, европски, светски бисер Охрид за Велигден, да го чествуваме Христовото Воскресение.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons