Свет

Папата Франциск прими доктори и дел од останатиот персонал од болницата каде се лекуваше од пневмонија 

Средбата се одржа во просториите позади салата Павле VI – вообичаеното место за папската општа аудиенција, која тој ја прекина откако беше примен во болница кон крајот на февруари.

Папата Франциск денеска го прими доктори и дел од останатиот персонал од болницата „Агостино Џемели“ во Рим, каде 38 дена се лекуваше од пневмонија, соопшти Ватикан.

„Ви благодариме за одличната услуга во болницата, продолжете така!, рече 88-годишниот папа, чиј глас е сè уште слаб и кој страда од отежнато дишење и покрај секојдневната рехабилитација.

Средбата се одржа во просториите позади салата Павле VI – вообичаеното место за папската општа аудиенција, која тој ја прекина откако беше примен во болница кон крајот на февруари.

По пристигнувањето во инвалидска количка, папата Франциск беше поздравен со аплауз од публика од околу 70 луѓе, соопшти Ватикан, објавувајќи фотографии и кратко видео интервју.

Средбата, која траеше околу 20 минути, се одржа неколку дена пред Велигден – најважниот црковен празник во годината. Оваа година, присуството на папата на празничните настани ќе биде ограничено, бидејќи тој сè уште закрепнува.

По отпуштањето од болницата и враќањето во Ватикан на 23 март, на папата му беше препорачан дополнителен двомесечен период на одмор за целосно да закрепне, без јавни настапи, за да го избегне ризикот од повторна инфекција.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons