Музети го изненади Де Минор за прво Мастерс финале во кариерата!
Италијанецот Лоренцо Музети приреди изненадување во второто полуфинале и со победа над Алекс Де Минор со 2-1 (1-6, 6-4, 7-6). во сетови дојде до финалето во Монте Карло каде што ќе игра против Карлос Алкараз кој претходно денеска го совлада Давидович-Фокина.
Де Минор влезе како фаворит во мечот со Италијанецот и ретко кој очекуваше ваков развој на настаните кога првиот сет го доби Де Минор и тоа со 6-1 за 37 минути игра.
Сепак, Музети успеа да се разбуди по послабиот старт и во вториот сет брзо го освои сетот на противникот. Муниор успеа да врати на 2-2, но Италијанецот во деветтиот гем направи нов брејк кој беше доволен за израмнување во сетови.
Третиот сет донесе неизвесна борба и на крајот се решаваше во тај-брејк каде што Музети беше подобар и дојде до победа.
Италијанскиот тенисер во кариерата има две АТП титули и двете се од серијата 500, никогаш претходно не играл финале на Мастерс турнирите и утре ќе се обиде да го изненади Алкараз.