Манасиевски: ЈО да истражи како Апасиев и Левица купиле дуќан од 1 милион евра за само 300 илјади?
ЈО да истражи како Апасиев и Левица купиле дуќан од 1 милион евра за само 300 илјади?
Димитар Апасиев кој беше наводен жесток поборник против банките и извршителите на крај со нивна помош купи имот по 3 пати пониска цена од пазарната.
Левица и Апасиев по стапките на братот на Груби се стекнаа со имот во центарот на Скопје по цена 3 пати пониска од пазарната.
Дали Левица и Апасиев имаат договор под маса?
Дали извршителот и банката анимирале доволен број потенцијални купувачи за дуќаните кој сега ги купил Апасиев?
Зошто не биле анимирани граѓани кои земаат кредити и купуваат дуќани по далеку поскапи цени? Дали била избегната поширока анимација на заинтересираните страни, за Апасиев да го земе дуќанот за џабе?
Левица и Апасиев се целосно демаскирани. Толку од аскетизмот и фолирањето. Сите гледаат како без грам двоумење Апасиев влезе во договор со банки и извршители да купи имот по 3 пати пониски цени.
Апасиев не се колебаше да го направи тоа што илјадници Македонци кои не се претседатели на Левица не можат да го направат.
Прочитани сте.
Линк од видео материјал:https://youtu.be/sqsPOy8M9mo
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ